Пред години, одам по полноќ на улица. Ме запираат двајца џандари. Каде вака? Кај неа. Кај неа? А ха, ми се јави, ме повика и сега одам кај неа. Дај лична карта! Им давам лична карта. Гледаат во личната карта. Русјаков… Ти Русин си?
Не, тавариш, не сум Русин. А зошто си вака бел?
Уште еден натпревар и завршува првенството. Еден месец страст, возбуда и уживање. Остана само уште финалето. Ќе се судрат Италија и Англија. На вториве додуша им прогледаа низ прсти во полуфиналето. Сакам да напишам свој осврт за првенството, ама нека заврши.
Живееме во совршено поделено општество. Ние и тие. Така треба и да остане. Засекогаш. Духовен и ментален апартхејд. Да се пренесува со генерации. А еве и зошто. Некој влегол во ресторан. Во менито видел дека придавката македонски е прелепена. Го прашал келнерот што се случува. Овој, срамејќи се, му кажал дека веќе не ја користат придавката и не служат македонска салата. Веројатно побудени од блескавиот идентитетски евронацизам што го шири нивниот нордистански премиер, па им се извинува на своите творци дека рекол македонска репрезентација. Како и да е, ликов го фотографирал менито и го пратил на Оф.нет. Порталот објави. Луѓето, со право, гневно реагираат. Нормални луѓе реагираат на нацизам. Патем, фрлиле и понекој гаден коментар за владата на Зоќи и Али, инаку абортирана зомби ќерка на онаа на Цветковиќ и Мачек. И што се случува? Ете ти го „Цивил“, грантираната испостава на „длабоката држава“, го обвинува Оф.нет за ширење лажни вести, кои довеле до напади на Владата. Баш симпатично за повраќање. Го имате Оф.нет, кој објавува писмо на читател со доказ фотографија во прилог, и го имате „Цивил“, кој обвинува за лажни вести, бранејќи ја Владата која од авион и преку Телма објави дека Нордистан добил датум за почеток на преговори.
Брусат шахти, чкртаат по менија, бетонираат дрвја и идентитети како третокласни ликови од гангстерска пародија и дрско, бесрамно и глупо лажат. Барем да им уплатат менторите еден третман во санаториум за фалшиви штитеници „Барон Минхаузен“, чисто лагите да им добијат некаква форма и фантазија, оти вака се само деструктивна марионетска интелектуална бижутерија. Може сега ќе излезе „Цивил“ да каже дека ширам лажни вести, оти санаториум „Барон Минхаузен“ не постои. Сеедно, ние, тие и доживотен духовен и ментален апартхејд меѓу нас.
Пред години, одам по полноќ на улица. Ме запираат двајца џандари.
Каде вака?
Кај неа.
Кај неа?
А ха, ми се јави, ме повика и сега одам кај неа.
Дај лична карта!
Им давам лична карта. Гледаат во личната карта.
Русјаков… Ти Русин си?
Не, тавариш, не сум Русин.
А зошто си вака бел?
Се надевам нема да ми се налути полицискиот синдикат што полициските службеници ги нарекувам џандари. Коренот на зборот џандар е во жандармерија. Патем, сепак, ова е книжевност. Романот „Албино трип“ ќе излезе во септември. Има таму приказни со полициски службеници. Секогаш сум имал почит кон униформирани лица, но оние што се дрски, завршуваат како книжевност.
Трајна слобода, вечно варвари. А ха, за Авганистан ќе дрочам. Оној ист Авганистан што пред 20 години, САД и Британија го нападнаа. Па им се приклучија други хиени, познати НАТО-членки. Нормално, и корисни идиоти како Нордистан. Операцијата се викаше „Трајна слобода“ и еве ги, се повлекуваат од злосторствата што ги направија.
Американската војска ја напушти најголемата база. Онака, среде ноќ. Авганистанските сили, бегајќи пред Талибанците, ја минуваат границата со Таџикистан. Германските власти издаваат визи за Авганистанци што соработувале со нивната војска. Талибанците држат повеќе од половина територија под своја контрола. Во земјата е хаос. Русија внимателно следи што се случува и најавува можна активност доколку почувствува и најмала опасност по својот суверенитет.
Е од кога ова вака? Па, откако Американците и Талибанците потпишаа примирје. Примирје со терористи? Кој кого тука прави будала? Дали ова потсетува на нешто веќе видено или само мене така ми се чини? Сајгон ми е, двор ми е?
Јас стварно не разбирам. Зошто беше окупиран Авганистан? Зошто беше направена коалиција од моќни западни сили предводени од САД? Зошто беа убиени толку авганистански цивили? Седумдесет илјади на број. Вкупно 240.000 илјади убиени. Оние избројаните. Јас мислам дека се повеќе. Нели Талибанците беа терористи, опасност по светската безбедност? Па, САД направија коалиција за да се тепаат со тие терористи. Да го ослободат Авганистан и да му ја донесат толку посакуваната демократија.
„Подобро воопшто да не доаѓаа“, велат Авганистанците, гледајќи како Пиндостанциве, нивните англиски лакеи, неизживеаните Шваби, нордистанските полтрони и слични на нив, храбро бегаат од местото каде што дваесет години тероризираа, убиваа, масакрираа, само за да крадат како најподмолни арамии.
Опиум. Хероин. Црни пари. А потоа… Рушење легитимно избрани влади. Кревање шарени револуции. Плаќање политичари, новинари и интелектуална бижутерија за да серат дека е добро укинување идентитети, оти тоа ќе донесе благосостојба. Да не беше окупацијава за производство на такви црни пари? За да се финансираат фактчекери што ќе врескаат дека пеколот во Авганистан е лажна вест. Дека западните варвари не однесоа насилство и смрт, туку рај, слобода и демократија.
Исто како со Ирак и лагите за хемиско оружје. Исто како со Србија и осиромашениот ураниум. Исто како претворањето на Либија од функционална држава во пекол. Истото тоа што се обидоа да го направат во Сирија, ама Русите ги спречија. Може и Авганистанците треба да ја викнат Русија на помош, по спроведениот западен варваризам.
Така е тоа кога основи ти се геноцид, робовладетелство, фашизам, нацизам и комунизам. Вчера американските домородци, Африканците, Евреите, денес муслиманите, утре Словените. Нема да се чудам ако во некоја блиска иднина нè тераат да клечиме за муслиманите, затоа што они спровеле геноцид врз нив, ама ќе сакаат на сите, како со црнците, да ни наметнат одговорност за нивниот западен варваризам. Додуша, во последниов геноцид врз муслиманите учествува и полтронскиот Нордистан. Не можам во име на нордистанските власти, тие немаат образ, ама во мое име сакам да му се извинам на авганистанскиот народ што будали од мојата земја учествувале во пеколот срушен врз нив.