Спасувачките екипи кои трагаа по урнатините на зградата во Мајами, Флорида, извлекоа тела на уште шест жртви, со што вкупниот број на жртви достигна 60, соопштија денеска властите.
Уште околу 80 лица се водат како исчезнати, во несреќата што се случи на 24 јуни, пренесува Танјуг.
Претходно беше објавено дека спасувачите, кои работат на местото на уривање на катната зграда, го насочиле фокусот на активностите кон пронаоѓање на телата на жртвите, откако утврдиле дека нема шанси некој во урнатините да е сè уште жив.
Промената дојде денес, две недели откако зградата во Сурфајд делумно се сруши на 24 јуни.
Помошникот на пожарникарскиот службеник во Мајами Дејд, Раид Џадалах, изјави на брифингот дека начинот на кој паднала зградата и подот се наредени едни врз други, оставиле многу малку простор во кој некој може да преживее, објави Гласот на Америка.
Тој рече дека последниот познат аларм како знак на живот пристигнал во првите часови по уривањето на зградата и дека оттогаш кучињата трагачи, сонарот и камерите немаат регистрирано никакви знаци.