Тренерот на Металург ја доби лиценцата со одбрана на својата семинарска тема на семинарот во Виена, која се однесуваше на обемната анализа на играта на бековите на првите четири селекции од ЕП 2020, а негови ментори беа Волфанг Полани и Петер Ковач. Тој е 22-от тренер во Македонија со ваков сертификат
РАКОМЕТ
Стратегот на ракометниот клуб Металург, Иван Марковски, го заврши своето тренерско образование и се стекна со престижната лиценца за мастер коуч, потребна за водење на екипите на европските натпреварувања, но е задолжителна за водење и на националните репрезентации.
Марковски ја доби лиценцата на 21 јуни, кога и ја одбрани својата тема на семинарот во Виена, Австрија, кој се одржа онлајн, но официјално лиценцата е верификувана сега.
Неговата семинарска тема се однесуваше на обемната анализа на играта на бековите на првите четири селекции од ЕП 2020, а негови ментори беа Волфанг Полани и Петер Ковач.
Како што вели Марковски, оствареното немаше да биде возможно без поддршката од неговото семејство, но и од неговиот клуб Металург. Марковски во Автокоманда пристигна при крајот на март годинава и е 22-от тренер во Македонија со ваков сертификат, информираат од Металург.