Фудбалерите на Англија ја комплетираа листата на полуфиналисти на Европското првенство со убедливата победа над Украина од 4-0.
Триумфот го најави Хари Кејн по само четири минути игра, Хари Мегваер во 47-та минута зголеми на 2-0, а три минути подоцна Кејн го постигна својот втор гол. Асистент за овие погодоци беше Лук Шо.
Конечниот резултат го постави Џордан Хендерсон во 63-та минута.
Англија, во полуфиналето в среда, ќе игра против Данска, која денеска беше поуспешна од Чешка со 2-1. Во првото полуфинале во вторник ќе се сретнат Италија и Шпанија.