Техно
Технологијата што ја користи НАСА го подобрува квалитетот на животот на Земјата на три начина. Нејзината технологија се користи за борба против загадувањето на воздухот, во земјоделството и за отстранување токсични материи од околината.
Борба против загадувањето на воздухот: Прашината на Месечината може да ги оштети очите и белите дробови на астронаутот, како и неговата опрема. Затоа НАСА разви високочувствителни сензори што ја мерат концентрацијата на оваа прашина за време на мисиите во вселената. Сега оваа технологија се користи и на Земјата.
Примена во земјоделството: НАСА произведува беспилотни летала што се користат на Марс веќе една деценија. Ова беше клучно за развојот на беспилотните летала што се користат на Земјата. Овие авиони се многу корисни за земјоделците – тие ги користат за да ја прегледаат земјата што ја обработуваат.
Отстранување токсични материи од околината: Експертите на НАСА смислија како да се борат против една од најштетните материи што луѓето ја направиле. Тоа е полихлориран бифенил (ПХБ), чија употреба сега е забранета. Меѓутоа, треба да се отстрани од околината. НАСА разви цевки наречени екоспиарс, кои можат да бидат закопани во земјата.