На Косово се регистрирани двајца заболени со делта-видот на коронавирусот, објави денеска косовското Министерство за здравство.
– Од вкупно 22 позитивни примероци испратени до Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника „Шарит“ во Берлин, варијантата делта на САРС-КоВ-2 беше идентификувана во два примерока – соопшти Министерството.
Двајцата заболени имале симптоми, но веќе оздравеле.
Варијантата делта првпат е откриена во Индија во декември 2020 година, а денес е една од највознемирувачките варијанти во светот. Истражувањата покажуваат дека ова е можеби најбрзо распространетата варијанта и позаразна од британскиот вид.