Фото: Игор Бансколиев

Град Скопје ја почнува летната градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари. Во претстојниот период е предвидено да почнат градежни работи на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини.

Планирана е изградба или проширување на следните делници: булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри; булеварот АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри; улицата Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, на должина од илјада метри; и на раскрсница на улицата Скупи и булеварот 8.

Септември, раскрсницата на булеварот 8. Септември и булеварот Никола Карев и раскрсницата на булеварот Никола Карев и булеварот Словенија (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин Поток).

Градежни работи за реконструкција на постојниот коловоз, пак, ќе се изведуваат на: – улицата Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри; булеварот Борис Трајковски, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од две илјади метри; улицата Лука Геров, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата Волковска, на должина од 1.800 метри; булеварот Киро Глигоров, од булеварот АСНОМ до булеварот Александар Македонски, на должина од 1.500 метри; улицата Индира Ганди, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри; булеварот Кузман Јосифовски-Питу, на потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин и на булеварот Крсте Мисирков, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски-Питу до булеварот Гоце Делчев, на должина од 650 метри; Град Скопје продолжува да гради со засилено темпо, со рекордно кратки рокови во сите десет скопски општини.
– Скопје продолжува да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да обезбедиме одржлива урбана мобилност, која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај. За потсетување, во текот на есенската градежна офанзива на Град Скопје, пред крајот на 2020 година, беа обновени многубројни сообраќајници во повеќе скопски општини, со посебен акцент на реконструкцијата на источниот влез во градот. Сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови, од десет до 30 дена – информираат градските власти.