Група граѓани повторно се обидоа да предизвикаат инцидент пред вратите на манастирот Цетиње, информираат медиумите од регионот.

Во нивните извештаи е наведено дека станува збор за група граѓани на Цетиње, противници на СПЦ на Митрополијата Црна Гора-Приморје, кои не ја пропуштаат можноста да протестираат пред манастирот Цетиње, овој пат поради работите на „влажниот јазол“ во тој објект, кој не е реновиран цели 40 години.

Некои од локалните гласила повикувајќи се на своите сознанија, тврдат дека работите се изведуваат без дозвола.

Протестот кој се одвивал мирно ескалирал кога монасите се обиделе да ја затворат манастирската порта на што реагирала собраната толпа граѓани.

 

Управата на манастирот испрати известување поради настанатата ситуација.

– Како што и е познато на јавноста, во 80-тите години на минатиот век, во соработка со Музеите на Цетиње и тогашната република и општинска администрација, манастирот беше реконструиран, во рамките на кој беше основан црковен музеј од голем дел од неговиот ентериер за презентација на богатото црковно културно-историско наследство пред сите посетители на нашиот град. Како што на сите им е јасно кој е разумен, за да примат поголем број посетители на манастирот Цетиње и на Ризницата, беше потребно да се направат соодветни влажни јазли, што беше направено тогаш, пред околу четириесет години. Тој простор и денес служи за истите цели. Во последните неколку недели, плочките и внатрешната водоводна и канализациона инфраструктура на таа област се заменети, што се истрошија по децениско користење и не ја служат за својата намена – се вели во соопштението.

Граѓаните пак побарале да бидат прекинати работите се додека надлежните институции не се изјаснат дали воопшто можат да се изведуваат овие работи и додека не се објави дали има дозвола.

Интервенираше и комуналната полиција, пренесуваат медиумите.

Сепак, инспекцијата му наредила на манастирот да добие дозвола за поправка на влажниот јазол и да ги извести за тоа во рок од три дена.