Нередот е знак на добро поминато време и би било лудо да се ослободиме од тоа. Но со добро уредување на просторот, многу лесно сѐ се враќа во ред
Да се биде организиран во животот е стремеж на многумина. Можеби никогаш нема да се постигне комплетна перфекција во организираноста, но потребно е да се обиде да се внесе ред во живеењето. Повеќето лица се особено фокусирани на создавање ред во дневната соба. Толку многу активности се случуваат на овој простор, од кои многу се целосно неповрзани: филмски вечери, коктели, закуски, појадоци, пладневно спиење, читање…
Како што знаете, речиси е невозможно секогаш да е сè уредно средено со сите намерни или случајни активности. Нередот е знак на добро поминато време и би било лудо да се ослободиме од тоа. Она што сакаме да го направиме е да го намалиме времето што е потребно за да ги вратиме работите во ред, а клучот е во добрата подготовка. Кога ја уредувате вашата дневна соба со веќе смислена поставеност и организација, потешко е да се создаде неред. Дури и кога ќе направите неред, ќе ви требаат само неколку секунди за да средите сѐ. Значи, постојат 13 совети за организирање на дневната соба!
1. Едно внатре, едно надвор.
Ако купивте нова вазна за вашиот дом, треба да се ослободите од нешто од вашата дневна соба за да обезбедите место за тоа. Можеби станува збор за скулптурата од керамичка мачка?
2. Постапувајте со секојдневните предмети како со парчиња уметност.
Вашата колекција на шапки или плетени додатоци сигурно зафаќа премногу простор во плакарот. Закачете ги на ѕидот како слики и создадете оригинална галерија.
3. Колекцијата на книги претворете ја во импровизиран мебел.
Користете ги книгите за да креирате масички, кои можат да ја пополнат и дополнат просторијата.
4. Инвестирајте во предмети што вршат две работи.
Кога е потребно да се одморат нозете и тајно да се ставаат работите настрана.
5. Истото важи и за вашата маса за кафе.
6. Помислете на секое парче мебел во вашата дневна соба како опција за складирање. Вашата странична маса треба да има фиока или контејнер или барем полица.
7. И вашиот кревет. Изберете софа-кревет со волшебно кревање каде што е оставен празен простор за дополнително складирање на постелнината и сè што ви треба за вашиот дом.
8. Кога сме кај софата, изберете ја најголемата што може да се добие. Пример троседот, не само што обезбедува тон места за седење туку исто така го ограничува количеството неред што може да се акумулира.
9. Скријте го нередот од жици на ѕидот.
10. Направете го целиот ѕид со полици. Имајте место за библиотека, затворени шкафови, места за детали. Целиот ѕид со полици исто така може да биде прекрасна фокусна точка на вашата дневна соба.
11. Кошници, кошници и уште кошници.
Како прво, тие можат да завршат многу работи: да чуваат ќебиња, да собираат материјал за читање, да кријат играчки, да ги одржуваат во ред технолошките уреди, па дури може и да растете растенија во нив. Второ, тие додаваат богата текстура на просторот.
12. Кујната или шанкот расчистете ги од работи што ги користите еднаш на одредено време.
13. Чувајте ги работите што не ги користите во кутии и складирајте ги во подрум, на таван додека не ви затребаат.