Дел од општините Кисела Вода, Сопиште и Сарај утре во одреден период од денот ќе останат без струја поради технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа.
Како што соопшти РЦУК, од 08:30 до 15:30 часот струја нема да имаат корисниците од улицата „Доситеј Обрадовиќ“ бр.14 во општина Кисела Вода, од 09:00 до 13:30 часот корисниците од село „Долно Соње“, а од 10:00 до 13:00 часот корисниците од објектите на „Музеј Матка“, ресторан „Кањон Матка“ и црквата „Свети Андреј“.