Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 6 пациенти, а вкупно се лекуваaт 151 болeн, сомнителни и потврдени за Ковид-19.
Во последното деноноќие на интерните клиники имало 2 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Во ковид-центрите на интерните клиники се лекуваат 31 пациент.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 53 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 391 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.