Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје денес го прославува патрониот празник како најстарото училиште во државата и одбележува 185 години од постоењето.
Во училишниот двор денес напладне почна приредбата подготвена од тамошните ученици. По нив ќе следи промоција на првото издание на дигиталниот училишен весник „КИМ“.
Во училишниот двор ќе биде отворена и хуманитарна аукција на уметнички дела изработени од ученици со посебни потреби заедно со нивните соученици и наставници. Фандрејзинг аукцијата е под мотото „Различностите се факт, инклузијата е акт“ и е во соработка со здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, потпомогнато од детската фондација „Песталоци“.
Со секоја купена слика се зема учествуво во доопремување на сензорната соба.