Од денеска започнува уривањето на куќите што претрпеа сериозна штета во пожарите во источниот дел на областа Атика на 23 јули.
По спроведените контроли од инженерите од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, куќите кои беа обележани со црвена боја, односно кои се опасни за живеење, ќе се рушат, јави дописничката на МИА од Атина.
Според радиото „Атина 984“, уривањето започнува со 4 куќи, а еден од сопствениците вели дека нема да ја напушти населбата, туку одново ќе го изгради неговиот дом.