На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 166 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 78 санкции, пет за возење без возачка дозвола, осум прекршоци што ги чинат пешаците.
Изречени се пет казни за користење на мобилен телефон, пет за минување на црвено светло, 51 казна за непрописно паркирање.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.