Принцезата Кејт најчесто се гледа беспрекорно облечена на кралските ангажмани, формални вечери и важни државни настани, па затоа е малку потешко да се замисли пред мијалникот со ракавици за миење садови. Но, како што признава таа, тоа е една од најобичните домашни работи што е среќна да ги прави. Принцезата од Велс разговараше со членовите на локалната заедница за време на нејзината посета на Сасекс и се качи во локален автобус на пат кон селската сала „Пулборо“. Таму таа учествуваше во еден од редовните ручеци и откри неочекуван детаљ од нејзиниот секојдневен живот за време на разговорот.
– Сакам да мијам садови. Навистина сакам – призна Мидлтон.
И се чини дека не е сама во ова. Кога ја прашале дали принцот Вилијам ѝ помага, Кејт открила како ја делат работата.
– Тој ги брише садовите. Ние сме добар тандем – рекла принцезата, откривајќи дека принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис исто така учествуваат во домашните работи.
Иако некој може да биде изненаден од помислата на идната кралица покрај мијалникот, Кејт Мидлтон не е единствениот член на британското кралско семејство за кого оваа домашна работа не е проблем. Покојната кралица Елизабета Втора беше позната по тоа што знаела да ги засука ракавите по оброкот и да ги измие садовите.
































