Бајрамска Порака на Реисот Шаќир Фетаи

Почитувани верници, браќа и сестри!

Со голема радост го очекуваме големиот празник Фитр Бајрам, празник на најголемите награди на годината. Овој ден претставува задоволство на Семоќниот Аллах за големата посветеност што ја покажавме во текот на месецот Рамазан, за време на кој со срце и душа, со висока свест и со целото битие, ги постевме деновите на Рамазан, покажувајќи ја во пракса непоколебливата врска со нашиот Створител. Ние ги реформиравме нашето размислување и личност, ги облагородувавме нашите души и срца, негувајќи ја високата свест за Господ, како и за човекот и светот околу нас.

Празникот Фитр Бајрам е триумф на верата над неверството, на доброто над злото, на великодушноста над скржавоста, на солидарноста над понижувањето, на приближувањето едни на други над изолација и одвојување од другите, на мирот над конфликтот, на духовноста до материјализам и помирување над одмаздата; накратко: овој голем празник е симбол на исполнување на аманетот доверен од страна на Возвишениот Бог.

За ова Аллах, Семилостивиот, во возвишениот Куран вели:

قَدْ أَفْلَحَ مَن تَزَكَّىٰ وَذَكَرَ ٱسْمَ رَبِّهِۦ فَصَلَّىٰ

„Навистина е спасен оној кој ќе се очисти, кој го споменува името на Господарот свој и кој клања!„ (Ел Е’Ала 14,15)

Овој благословен Рамазан, беше со нас во најтешките моменти кои ги донесе опасната болест ковид-19 и коегзистираше со нас во текот на сите денови во текот на постот. Ова направи да вредноста за верникот биде уште поголема затоа што водевме двојна војна, едната против проколнатиот ѓавол, а другата во нашите напори да придонесеме за исчезнување на вирусот за да се спасат животите на луѓето.

Затоа, денес се молиме на Семоќниот Аллах со молитва да го прифати нашиот пост, нашето обожување, нашите молитви, нашата милостина, да ги усреќи срцата на сите луѓе ширум светот, да ги спаси и подигне послабите, да ги помири срцата на луѓето за да живеат во мир и хармонија, да ги лекува срцата и раните на семејствата на жртвите од опасната болест и да го зајакнат нашето единство за доброто на нашите семејства, на нашиот народ и на и целиот човечки род.

За посветеноста што ја покажавме во светиот месец Рамазан, се молиме со милоста на Семоќниот Аллах да нѐ отфати духот на изреката на Пејгамберот Мухамед а.с.

من صام رمضان إيمانا واحتسابا غفر له ما تقدم من ذنبه

„Кој ќе го испости месецот Рамазан со непоколебив иман и со висока свест ќе му бидат опростени сите поранешни гревови.“

Бајрам мубарек олсун!