Шпанија целосно го поддржува процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија. Ова е пораката испратена на денешната средба на шпанската министерка за надворешни работи, ЕУ и соработка Аранча Гонзалес Лаја со вицепремиерот задолжен за европски прашања на Македонија, Никола Димитров.
Средбата е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји, а на неа била потврдена целосната поддршка на Мадрид на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, како што се наведува во соопштението на шпанското МНР.
Гонзалез Лаја му ги понудила на Димитров поддршката и искуството на Шпанија во области како што се судски прашања и владеење на правото, зелената агенда и дигиталната агенда, изразувајќи желба за што е можно побрзо усвојување на преговарачката рамка со ЕУ, како со Македонија, така и со Албанија, заедно со почетокот на преговорите за приклучување.
Димитров го придружува премиерот Зоран Заев при посетата на Шпанија.