Дваесет и петгодишен загрепчанец бил фатен со украдени респиратори од Шведска кои сакал да ги препродава, објави хрватски „Индекс“.
Момчето е осомничено дека во периодот од 8 март до 2 април годинава преку компанија од Косово за компанија со седиште во Загреб, во која тој е директор, набавило 24 медицински респиратори од Шведска во вкупна вредност од 350.000 евра.
– За време на кривичната истрага преку меѓународна соработка, беше потврдено дека респираторите биле украдени во Шведска, односно кражбата била пријавена на 15 февруари 2021 година за време на нивниот транспорт низ Шведска – соопшти полицијата.