Се очекува нова препорака на здравствените власти поврзана со рестриктивните мерки, бидејќи утре истекуваат забраните за движење од 20 до 5 часот и за работа на угостителските објекти.
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок треба да процени дали да продолжат сегашните рестрикции или ќе препорача нивно ублажување или заострување, врз основа на податоците за епидемиолошката ситуација во Македонија.