Во Србија се потврдени 5.226 нови случаи на коронавирус, а починале 36 лица. На болничко лекување има 6.577 пациенти, од кои 242 се на апарати за дишење.
Во последните 24 часа биле тестирани 17.530 луѓе, а 3.330.762 од почетокот на пандемијата.
Вкупниот број на смртни случаи е 5.075, а стапката на смртност е 0,89 проценти.
Рускиот фонд за директни инвестиции и Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ објавија дека постигнале договор за производство на вакцината „спутник в“ во Србија.