Преку цртежи, песнички, пораки дека сите деца треба да имаат еднакви можности, во дворот на ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола денеска беше одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.
Реализацијата на овој настан е во соработка и финансиска поддршка со Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска, во рамките на програмата за социјална заштита за 2021 година.
– Денес, преку овој настан сите покажуваме заедно дека сме еднакви, дека сме исти и дека само така можеме да градиме општество во кое што љубовта ќе покаже дека има бескрајоност, дека не е минлива. Овој настан кој што се случува е последица на потребите кои што беа согледани при оформувањето на програмата за социјална заштите и токму имплементацијата поради тоа е видлива. Се надевам дека токму вака, кога најмалите ќе бидат вклучени од најрани години да размислуваат за тоа дека сме еднакви и имаме еднакви права, навистина ќе изградиме вредности со кои што ќе
имаме позитивни поместувања во нашето општество и во човештвото воопшто – рече
градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.
Пред присутнуте се обратија и директорката на училиштето Љубица Стерјева, како и
претседателката на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, Јулијана Трајчевска.
– Го одбележуваме 21 март – денот на лицата со Даунов синдром за да изразиме поддршка до сите семејства, сакајќи да покаме што е љубов и дека таа не подразбира
пречки. Го најавувам проектот на нашето здружение со финансиска поддршка на Општина Битола, активностите ќе траат цела година. Концептот е да се направи краен
производ сликовница-боенка за лица со попреченост – посочи Трајчевска.
Во знак на поддршка на лицата со попреченост, беше засадено дрвце и цвеќиња во
дворот на училиштето. М.М.