Најдобри и најлоши намирници додека учите
Повеќето студенти во текот на подготвувањето испити лесно посегнуваат по кесичка чипс, но малкумина знаат дека консумацијата на брзата храна во стресни моменти може да доведе до пад на концентрацијата и до зголемен замор. Ако периодов се подготвувате за важен испит, хранете се здраво, со намирници што ќе ве заситат, а истовремено ќе ја поттикнат работата на вашиот мозок.
Во текот на учењето најдобро е да се консумираат јаглехидрати со низок гликемиски индекс, бидејќи тие имаат најмал ефект на промената на нивното на шеќерот во крвта. Тоа значи дека со оваа храна ќе имате повеќе енергија. Можете да комбинирате јаглехидрати (леб, овесни снегулки и тестенини од цело зрно, кафен ориз и батат) со лесни протеини, кои исто така ја зголемуваат енергијата. На пример, направете тост од интегрални житарки со авокадо, туна и крекери, или овесни снегулки со млеко, во кое можете да ставите сосема малку мед. Во текот на учењето избегнувајте храна што содржи шеќер (торти, сладолед, бисквити), бидејќи така енергијата ќе ви осцилира.