Од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден денар/литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,5 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 8.2.2021 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,458 ден/кг и сега ќе изнесува 34,342 ден/кг.

Од 16.2.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 63,5 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 65 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 54 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 43,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,342 (денари/килограм)