Вакцината на компанијата „АстраЗенека“ ќе се тестира на деца на возраст од 6 до 17 години. Во истражувањето ќе учествуваат 300 волонтери.
– Иако повеќето деца немаат сериозна клиничка слика на ковид-19, важно е да се утврди безбедноста и имунолошкиот одговор на вакцината кај деца и млади, бидејќи некои деца може да имаат корист од вакцинацијата – рече Андре Полард, раководител на тестирањето.
Како што додаде, новите тестирања ќе го прошират нивното разбирање за влијанието на коронавирусот врз помладите возрасни групи.
Првите вакцинации во рамките на испитувањето ќе се одржат овој месец, 240 деца ќе примат вакцина против ковид, а останатите ќе добијат контролен убод против менингитис.