По одржаните квалификации, досега 61 отсто од местата за квоти на спортисти се веќе пополнети, 25 проценти ќе бидат доделени за време на преостанатиот период на квалификации до 29 јуни, а последните 14 проценти од спортистите ќе бидат избрани преку пласмани на ранг-листи, пишува ИОК
ШЕСТ МЕСЕЦИ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ЛОИ ВО ТОКИО
На шест месеци до почетокот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио (Јапонија), спортистите се повторно на сцената и веќе над 60 отсто од местата за квоти на спортисти се веќе пополнети. Во текот на последните неколку недели беа организирани меѓународни настани во 25 олимписки спорта, а 10 меѓународни федерации ги почнаа олимписките квалификации.
Како резултат на тоа, 61 отсто од местата за квоти на спортисти се веќе доделени, 25 проценти ќе бидат доделени за време на преостанатиот период на квалификации, кој ќе трае до 29 јуни, а последните 14 проценти од спортистите ќе бидат избрани преку пласмани на ранг-листи, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) на својата интернет-страница.
По одложувањето на ЛОИ од минатата година за годинава, принципите на квалификација беа ревидирани и одобрени минатата година од Работната група за квалификации на ИОК, неколку спорта и дисциплини веќе го завршија својот процес на квалификации, како велосипедизам на отворено и на патека, коњички спорт, хокеј на трева и одбојка, пишува ИОК.
ИОК информира дека во тек се и други квалификациски натпревари, во согласност со локалните здравствени власти и регулативите, за да се осигури дека се зачувуваат здравјето и безбедноста на сите учесници.