Психологот Ана Попризова апелираше до сите средношколки кои биле жртви на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм да и се обратат за психолошка помош.
– По ова што се покажува од содржините во „Јавна соба“, сакам да ги информирам сите жртви средношколки дека можат да ми се обратат за психолошка помош – напиша Попризова на Фејсбук.
Попризова во изјава за телевизија 24 посочи дека кон нејзината иницијатива се приклучиле и нејзини колеги.