Универзитетот „Оксфорд“ очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот вид коронавирус ќе бидат готови до следната недела, изјави претставник на Универзитетот на виртуелен состанок со советодавниот панел на американскиот Центар за контрола и превенција од заразни болести (ЦДЦ).
– Од средината на декември британската варијанта стана доминантна и почна бргу да се шири. Нашата анализа на ефективноста против таа варијанта треба да биде готова до следната недела – рече Ендру Олард, директор на Оксфордската акциска група и главен истражувач.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави дека ќе биде многу штета ако Лондон го усвои советот да остане во програмата за вакцинација на ЕУ пред да смисли свој план, пренесува „Ројтерс“.
– Мислам дека можевме да дејствуваме поинаку и во некои аспекти подобро – рече Џонсон пред парламентот.