Владата на денешната 34 седница, ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за продолжување на набавката на лесни оклопни возила за потребите на армијата, со склучување на анекс на Договорот меѓу македонската и американската влада и донесе одлука да се продолжи со реализација на овој договор со прифаќање на понудата од 21 декември годинава.
Со оваа одлука, Министерството за одбрана е задолжено веднаш по потпишувањето на анексот на договорот, да изврши уплата на договорените финансиски средства од буџетот, во висина од 762.000.000 денари до американската влада.
Заклучоците за потребата од склучување на анекс на договорот со американската влада ќе бидат доставени како Информација за известување до Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието.