Денеска во 12 часот во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Горан Јованов од Скопје.
Јованов 2006 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, со насока реставрација и конзервација и графички дизајн. Магистрира на истиот факултет во 2009 година отсек графика во класата на Димитар Миладинов.
Тој е член на ДЛУМ уште од 2006 година. Изложбата која денеска ќе биде отворена во Кавадарци е подржана од Локалната самоуправа и Министерството за култура и ќе биде дел од низата успешно организирани настани од областа на културата со целосно спроведување на мерките и протоколите во услови на пандемија.