Во последните 24 часа на коронавирус во Србија биле тестирани 17.460 лица, од нив 5.129 биле позитивни, додека починале 47 лица.

Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 353 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ Србија.

Седницата на Кризниот штаб за борба против коронавирус, на која се очекува да бидат донесени нови мерки, ќе се одржи утре наутро во 8 часот. Исто така можно е одредени мерки да бидат ублажени, иако медицинскиот дел од Кризниот штаб сè уште е против тоа.