Најмалку пет лица се повредени откако автомобил влета меѓу пешаци во Лондон Лондонска итна служба објави дека пет лица се пренесени во главната болница, пишува „Скај њуз“.
Инцидентот се случил на Стемфорд Хил, каде минувачи го снимиле скршеното стакло околу делумно уништената автобуска станица. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат сребрена „тојота“ со сериозно оштетување на предниот дел, која удрила во дрво пред мини маркет. Полицијата ја опколи областа.
Скотланд Јард соопшти дека инцидентот се случил нешто после 9.30 часот, додавајќи дека истражителите не веруваат оти е поврзан со тероризам. Во моментов нема апсења во врска со случајот.