Бројни знамиња се развеани во Скопје каде што вечерва се слави успехот на македонската фудбалска репрезентација, која избори прв пласман на Европско првенство. На плоштадот Македонија, како и во автомобилите низ улиците на главниот град можеа да се забележат бројни љубители на фудбалот кои со песна и скандирање го поздравија подвигот на хероите од Тбилиси.