Фото: Фејсбук

Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП е позитивна на коронавирус и е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.

„Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитализирана поради заразеност од коронавирусот“, објави вчера Зајкова на социјалните мрежи.

Таа вели дека и нејзините родители се позитивни, за среќа, со полесни симптоми.

„Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле. Како се чувствувам? Телесната температура не ми спаѓа под 38,5, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирана ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна“ пишува Зајкова.