Македонија и Македонците како старозаветниот Јов (3)

Од Беласица наваму врз Македонците се трупаат трагедија врз трагедија. Македонците кои сега покрај битија само од очи, светлосни и севиди, се и битија само од рани, толчени од европските и балканските канибали до уништување, но секогаш сведени само на „столчено племе“ (Б. Конески), никогаш уништени докрај. Но и така толчени, тие никогаш како Јов не хулеле на Бог и не се откажале од Божественото, од „трагите на светото“, како што би рекол Хелдерлин, иако Германец, но ни најмалку сличен на фрау Меркел, која повте да ги закопа тие траги во Македонија, во Преспа. Апостол Павле ја знаеше добро вредноста на македонската душа, која им ја даваше за пример и на Анајците (Грците), иако подоцна се покажа дека залудно го правел тоа, оти, имено, тие најжестоко го ликвидираа народот со кој тој мислеше да се пофали пред Господ. И веројатно и се пофалил. Народот за кој тој во посланијата до Солуњаните и Филипјаните рече дека е „од почетокот избран за спасение на светот“. Еден библиски феномен пред кој мижат со догматското слепило теолозите, качени врз нивните „тешки теолошки коњи“ (Дени де Ружмон), кои не гледаат дека концептот за избраниот народ се сели од Стариот во Новиот завет. Оти Евреите не го препознаа Синот Божји и го распнаа на Голгота, иако старозаветниот Исаија им го најави него осум столетија пред да се роди тој, „Големата светлина“ што треба да го огрее човештвото. А го предвиде притоа и колежот на децата во Витлеем, сличен на колежот на македонските деца на Грамос и Вичо во егејската трагедија од страна на, за Македонците, воскреснатиот Хитлер во ликот на еврототемот Черчил. Итн.

А Македонците, како и Јов, невини, го прашуваaт Создателот; „Уште ли маки, Боже? До кога? Зошто? Кај и во што сме згрешиле? Та, нели ја построивме со Павле што го упати кон нас, заедно со Лидија Македонката, првата Твоја Црква-Невеста Христова во Европа што нѐ прогонува и распнува?“ Безброј прашања за несоници и ноќни мори.
Овие мачни прашања Македонците ги вторат посебно по оној кобен Букурешки договор на Вавилонската ороспија (Цепенков) во кој живиот македонски организам е распарчен, заклан, како телото на Озирис од Сет, па неговата верна Изида има мака да ги собере крвавите парчиња и повторно да го состави и оживее телото на закланиот сопруг.
И страшно е страдањето, драг читателу, на Македонците по кобниот Букурешки договор во 1913-та, во Балканските, а потоа и во Првата светска војна. А потоа и по нив е на дело балканскиот канибализам врз нив и пак, се разбира, секогаш, како впрочем и денес, со амин на Вавилонската ороспија, сега со седиште во Брисел, во државата што му ја исцица крвта на Конго и ги извлече за своите палати сите дијаманти од него. Нејзиниот крал Леополд ги убиваше конгоанските црнци како тавтабити. Колку да се заокружи сликата на „цивилизирана“ Европа, таа што стапка по стапка ги ништеше Македонците, фрлајќи ги во челуста на околните балкански канибали, и денес, за да го засити нивниот незаситен глад по македонскиот организам, од кого со квислиншката влада на Заев и Димитров веќе не останаа ни коските за глодање. Така. А Македонците како Јов до еден, освен квислинзите, Трпевци и Трпани, и натаму ги поднесуваат страданијата и го прашуваат Господ: „Зошто? До кога, Боже? Што сме згрешиле толку многу? Тоа ли дека го прославивме твоето Слово на Љубовта и ѝ го предадовме на паганска Европа како штафета? Но таа не го прими за причест новозаветното вино. Зарем сме ние виновни за тоа, за нејзините крстоносни војни и за тоа што христијанството го носи само како маска за да ги затскрие своите злосторства? И тие што ги направи и сѐ уште ги прави до бескрај кон народот со кој повте да се пофали, поради неговата богоугодност и христоликост, пред Тебе и апостол Павле. Оти тие, Боже, христијанството го користат на ист начин на кој го прави тоа и сатаната. Тие посегаат за материјално и секаков друг вид богатство кон послабите, правдољубивите и сиромашните. Тие посегнаа и кон нас и ни го заклаа Името во Преспа. Името што секогаш ја восфалувало твојата слава, Боже, полно со Христово смирение и духовно изобилство. И затоа прашуваме: Зошто? До кога, Боже?“

Да. И како да ги услиша нашите поплаки и молитви Бог, та глеј нѐ подигна најпосле како кристал, иако пак во облик на крваво торзо, на површина. И тоа од најголемата светска катастрофа: Втората светска војна. Со АСНОМ, и асномци, македонските херои и мартири што ги посрамотивме со нашиот кукавичлак, драг читателу. Со оној од она смуртено село роден по грешка во овој народ сатрап и со неговиот истоглав палеолитски министер. Со сета таа кукавичка камарила што го дотолчи „столченото племе“ за кое толку многу страдаше сам и осамен, за разлика од своите полтронски соакадемици, и Блаже Конески.
Да. Ама многу кратко траеше таа екстаза, таа радост од влегување во епицентарот на сопственото исконско битие, Боже, оти само по неколку години еве ги Черчиловите евроамерикански бомбардери со напалм-бомби да ги убиваат македонските деца на Грамос и Вичо и да ги избркаат заедно со грчките монархофашисти нив од родните огништа, домови и гробишта, кои да можеа на рамо ќе ги кренеа и ќе ги носеа со себе во туѓина. Во мајчината на Европа со оросписка космичка вагина, десадовски незаситна и гладна за перверзија. Македонците со Европа најдобро го искусија тоа. А тоа сега не ги одмина ни Србите, на кои им го потсекоа суверенитетот, и особено Босанците, тие прекрасни божествени созданија.

Така. И Македонците, и по страшниот идентитетски колеж во Преспа, како Јов ги кренале рацете кон Небото и го прашуваат Господ: „Ова е веќе неиздржливо. До кога, Боже? Зошто? Има ли спас? Или пак подготвуваш некоја нова катастрофа за повторно да нѐ кренеш од неа како со АСНОМ во Втората светска војна? Зошто му се случува сето ова на народот за кој Твојот најревносен апостол, што го испрати од Троада во Македонија, рече дека е тоа „народ од почетокот избран за спасение на светот“, народ што свети како светила во „расипан род“, во светот на Вавилонската блудница што ги обнови Содом и Гомор во Брисел? Безброј прашања за несоница, а нема одговор. „Небото е празно“, како што рече Кандински, а Ниче: „Бог е мртов“. Ама Македонците се Твоја тврдина, Боже, сѐ уште, и не веруваат ни во едното ни во другото. Веруваат во Тебе. Тие се сега во Европа како што беа Црнците во Америка во XIX век, или уште поточно како што беа Евреите за време на Хитлер, кој не е само германски туку и целосно европски производ. Тоа особено треба да го знае фрау Меркел, која во случајот со македонската идентитетска ликвидација во Преспа, со нејзиниот геноциден притисок врз Македонците се претстави како вистинска внука на фирерот. Оти сега таа во Македонците ги препозна новите Евреи на Европа. Тука треба Фројд да се позанимава со неа и нејзината темна, не само германска туку и европска психа, која ја анализираше и Јунг.

Тоа и така, Боже. Прашуваше Јов, ама, слични на него по страданија и невиност прашуваат и Македонците. А Ти си молк. Целата вселена е молк. Да. Но ние не отстапуваме од Тебе, исто како и Јов, оти сѐ уште мислиме дека Ти ќе нѐ ослободиш. Дека ти си нашата Слобода. Апсолутна. Големата Афирмација. Па не случајно и македонските комити и војводи во таа смисла го развеаја знамето „Слобода или смрт“, а по аналогија на клучот трансцендентален на Исус: „Смртта со смрт се победува“. „Затоа ли толку во екстаза или, поарно,во смирение одат во смрт и Македонците, твојот христолик народ, Боже. Не само рускиот, како што мислеше Достоевски, неинформиран за изворот на руското христијанство и православие. На Јов му ја даде повторно по неговите безбројни страданија среќата, Боже, со сето изобилство пред несреќата, ама Македонците, твојот, како што рече Павле, избран Новозаветен народ сѐ уште ја очекуваат неа и се надеваат на неа. И тие не те напуштаат. Не се на страната на Сатаната како оваа расипана цивилизација што ги закла во Преспа нив. Не. Оти тие избраа. Што? Слободата. Оти и Сартр рече: Слободата е избор, избор меѓу две возможни нешта. Да, ама тие се определија во таа смисла за парадоксалната формула на Киркегард, многу различна од формулата на францускиот егзистенцијалистички филозоф. Имено, Киркегард вели дека до слободата се стасува преку еден есенцијален парадокс (неговата златна фигура), а кој како Буда му дава предност на НЕ пред ДА. Наместо како Сартр дека човекот стои пред две возможности за да ја избере едната од нив, тој вели поинаку: дека човекот стои пред две невозможности за да се одреди за едната од нив и да ја дефинира својата волја за слобода. Вели: „Човекот стои меѓу две невозможности: меѓу невозможноста да се верува и невозможноста да не се верува.“

Да. И Македонците во таа парадоксална загатка се определија за невозможноста да не се верува, што ти е угодна, тебе, Боже“. Тие не можат, како и Јов, да не веруваат, и покрај сите страданија, во Тебе. И тоа е нивниот Јовов синдром. Знаат, како и тој, дека ќе ги спаси нивниот Господ. Парадоксално, од суровиот Господ, како кај Јов. Оти приказната за библискиот праведник е завршена, но за Македонците таа е сѐ уште отворена и трагична. И никој не знае кога ќе заврши таа, оти е многу подолга од 1.001 ноќ, од приказните на Шехерезада. Оти мечот на Сахријар што висеше над неа секоја вечер, 1.001 ноќ, со столетија виси над главата на Македонците и никако да се тргне. Оти Шехерезада него го тргна со приказните што го воодушевија крвникот. Да. А, ние со каква приказна да го смилостивиме нашиот крвник Европа, драг читателу. И, ајде таа малку ни беше, па со неа се сојузи против нас и каубојска Америка.

А, ние траеме и трпиме како Јов и сѐ уште се надеваме на тебе, Боже. Сѐ уште мислиме дека не тукутака го испрати од Троада, подмишка со Македонецот, апостол Павле во Филипи во Македонија, каде штоп, како што кажува тој во „Дела апостолски“ на Лука, го нападнале болести и неволји од сите страни. Да. Ама и покрај тоа, тој смртно ги засака Македонија и Македонците, со кои се претставил и пофалил пред Господ. И можеби, драг читателу, токму и затоа се тие сардисани од сите страни од оваа антихристова цивилизација, која нив ги ништи и вдолж и попреку. Да не остане трага од нив. Сега за сега изгледа дека успеала во тој морбиден план. Но не се знае. Оти Македонците не се откажале од Армагедон. Или Армакедон. Сеедно. Тие и понатаму ја пеат песната на раните христијани: „Господе, дојди побргу“. И тој ќе дојде за среќа на едни и за несреќа на други. Македонците како Јов издржаа досега, а ќе издржат и понатаму, до судниот ден, оти кај нив веќе од поодамна е развеано, не тукутака, знамето „Слобода или смрт“. Оти тие, за разлика од нивните ликвидатори, ја знаат дури и трансценденталната моќ на смртта, која како кај Исус се престорува во живот. Тие ја знаат таа наука, за разлика од нив, и таа ќе ги спаси нив.

(крај)