Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни лица во однос на тестираните лица е 26,78.
Вчера имаше 1.795 случаи, што е за еден случај помалку, но епидемиолозите предупредуваат дека тоа не значи дека епидемијата се намалува и дека трендот во последните денови е променет, бидејќи изменетиот протокол за тестирање се применува од средата.
Ова значи дека лекарите од примарната здравствена заштита повеќе не ги испраќаат на тестирање оние кои покажуваат знаци на болест и имаат поблаги симптоми, туку само оние со потешки форми на болеста, вработени во здравствени домови и домови за стари лица.