Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, на Твитер објави дека Европската Унија ќе потпише договор со „Џонсон и Џонсон“ за купување на идната вакцина против коронавирусот за 200 милиони луѓе. Комисијата претходно потпиша договори со AstraZeneca и Sanofi-GSK.
Шефот на Европската агенција за лекови (ЕМА) изјави дека вакцината против ковид-19, најверојатно, нема да биде готова до крајот на годината, пренесува „Блумберг“.
– Технички, секако е можно. Практично е тешко, многу е малку веројатно – рече Гвидо Раси во интервју за американските медиуми.
„Ројтерс“ објави дека компанијата „Гилеад сајанс“ се согласила да им продаде 500.000 дози од лекот „ремдесивир“ на 27 земји во Европската Унија, на Велика Британија, на шест балкански земји и на Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.
Неколку европски земји соопштија дека немаат доволно количини од лекот „ремдесивир“, чии глобални резерви речиси целосно ги откупија САД.