Турција објави претседателски декрети со кои се реструктуираат основни политички, воени и административни институции, како дел од трансформацијата кон силна извршна претседателска власт.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот стапи на должност и сега има големи овластувања кои му дозволуваат да овјавува декрети и да назначува и разрешува високи државни службеници.
Турскиот службен весник денеска објави седум декрети кои се однесуваат на повеќе државни институции. Промените се совпаѓаат со втората годишнина од обидот за преврат во земјата, во кој беа убиени 250 луѓе.