Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека извршил кривично дело тешка кражба од патничко возило и против 18-годишниот Б.Д. од Ржаничино, поради сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа: тешка кражба од товарно возило и тешка кражба во обид од патничко возило.
Како што информираат од МВР, на 15. јуни годинава на булеварот „Александар Македонски“ кај подземниот премин кај „Континентал“, И.Џ. од службено возило „дачија дастер“, сопственост на институција, одзел чанта, паричник со лични документи, картички и пари.
По преземените мерки бил утврден идентитетот на сторителот на делото, кој на 24. септември бил приведен и ќе следи кривична пријава.
Осумнаесетгодишникот кривичните дела ги извршил на 07. август, на паркинг кај бензинска пумпа во село Кадино, и тоа во камион „ман“, сопственост на бензинската пумпа и од автомобил „пасат“ во сопственост на скопјанец.
Сторителот на местото дошол со автомобил „фијат крома“, со скопски регистарски ознаки.
По преземени дејства и обезбеден видео-запис, утврдени биле возилото и сторителот на кривичните дела.