Јеменските бунтовници Хути нападнаа саудиски танкер во близина на пристаништето Ходејда во Црвено Море, јави денеска саудиската телевизија Ал Арабија.
Додека шиитските бунтовници поддржани од Иран соопштија дека нападнале воен брод на меѓународната коалиција како одговор на вчерашниот воздушен напад во провинцијата Ходејда.
Портпаролот на меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија изјави дека Хутите нападнале танкер западно од најголемото јеменско пристаниште. Тој наведе дека воената морнарица на арапската коалиција го прекинаа нападот, а танкерот е незначително оштетен.