Маричиќ – Брегу
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, имаше средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу, која во моментот е во работна посета на земјава.
На средбата Маричиќ истакна дека добрата регионална соработка е суштинска за ширење на духот на европските вредности и практики, за динамична европеизација на регионот, а дека во тој поглед, Советот за регионална соработка е значаен за воспоставување и негување на добрата соработка во регионот.
Министерот Маричиќ потенцираше дека Македонија е на историски пат, бидејќи наскоро се очекува официјално започнување на преговорите со ЕУ и да го отвориме Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.