Најмалку 28 цивили загинаа во напад врз едно од последните упоришта на џихадистите од Исламска држава во источниот дел на Сирија.
Како што соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права, во нападот е погоден „собир на цивили“ во мало место во провинцијата Деир Езор во близина на границата со Ирак. Не е прецизирано кој го извршил нападот. Во таа зона вообичаено дејствуваат ирачката авијација или силите на меѓународната коалиција предводена од САД.
Во Сирија од почетокот на војната во 2011 година загинаа повеќе од 350 илјади луѓе, а неколку милиони се раселени и избегале од земјата.