Првото рочиште од предметот во кој поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски – Боки 13 за нелегално снимање, е закажано за денеска во скопскиот Кривичен суд. Тужбата е поради фотографија на која се гледа Јанева со пари, а која наводно ја снимил Јовановски.
Фотографијата беше прикажана при презентирањето на материјалните докази во „Рекет“, по вештачењето на мобилниот телефон на Јовановски. Јанева е првостепено осудена на седумгодишна затворска казна за „Рекет“, а Јовановски на казна затвор од девет години.