Пратеникот на ДУИ Арбен Зибери е хоспитализиран на Инфективната клиника по тестирањето за ковид-19 и влошувањето на неговото здравје, но семејството објави дека неговата состојба се подобрува, пренесоа повеќе медиуми.
Од Клиниката потврдуваат дека Зибери е пренесен кај нив и велат дека неговата состојба е стабилна. Неговата сопруга на Фејсбук напиша дека состојбата на Зибери од вчера е постабилна и се подобрува.
Здравствената состојба на Зибери беше актуелна при гласањето за нова влада во Собранието, кога тоа го направи од посебна просторија, според посебни здравствени протоколи.