Во последните 24 часа, 7.509 лица биле тестирани за коронавирус низ цела Србија, 76 од нив биле позитивни.
Тоа е речиси двојно повеќе од вчера кога имаше само 41 новозаразен.
Две лица починаа.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, во болниците има 48 пациенти на респиратори.