Четири провалници ноќеска околу 2 часот биле откриени од страна на лицата за обезбедување во скопската зоолошка градина благодарени на лавот Чака кој се возбудил и започнал да рика на неканетите „гости“.
Во зоолошката градина не е причинета материјална штета, ниту пак е украдено нешто, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се истражува.
Золошката градина мината година беше ограбена кога беа изнесени алати за одржување.