Сакајќи да ги задоволат потребите на луѓето да се возат со авион, тајванска авиокомпанија, им овозможува на луѓето возење без крајна дестинација. Патниците ја плаќаат својата карта, се возат неколку часа, а потоа авионот ги враќа на почетната позиција.
Со ваква идеја првично се појави тајванската компанија „Сонгашан“, која нудеше приземјени летови.
Меѓутоа „Ева еир“, од почетокот на август, го осмисли овој лет за луѓето што се навикнати на патување, барем малку си ја задоволат својата потреба.
Летот трае три часа и минува низ Тајван и Тајпеи, а потоа се враќа на истото место.
– Меѓународниот воздушен сообраќај е приземјен повеќе од половина година. Желбата на граѓаните залетање е се’ посилна. За да ги задоволиме желбите на патниците, одлучивме да понудиме алтернативно искуство при патувањето – се наведува на страницата на „Ева еир“.
Ти објаснуваат дека доколку денот биде ведар, патниците ќе можат од воздух да видат разни реки и сликовити брегови. Летот ќе се направи со авион со апликација на „Хелоу кити“ и луѓето ќе имаат бесплатна интернет-конекција.
Секој патник ќе добие и оброк, кој е осмислен од готвачот Мотокази Накамура, кој е награден со три ѕвезди на „Мишелин“.
Картата во економскиот дел на авионот ќе изнесува околу 150 евра, а патниците што ќе доплатат 30 евра, ќе бидат смесетени во бизнис-класата.