По речиси 33 часа потрага, пред само неколку минути нуркачите на специјалните единици на МВР го пронајдоа телото на удавеното 16-годишно момче од Ресен И.М.

Телото на детето е пронајдено на околу 400 метри од брегот на Преспанското Езеро.

Исчезнувањето на 16-годишникот од Ресен беше пријавено во полициската Станица во Ресен, завчера околу 18 часот од страна на Итната медицинска помош.

– Околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро од страна на нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР беше пронајдено безживотното тело на 16-годишното момче од Ресен, за кое на 2 август било пријавено дека исчезнало во водите на езерото кај туристичката населба Претор. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција – се вели во соопштението на МВР.

М.М.