Работник вчера бил повреден од страна на негов колега во шумскиот појас над охридското село Опеница.
– При извршен увид на местото на настанот од полициски службеници и инспектор за безбедност при работа, констатирано е дека Н.Р.(30) од Охрид, вработен во овластена фирма за сечење на дрва со седиште во селото Лескоец, при сеча на шума го повредил Б.И.(42) од Охрид, вработен во истата фирма – информираат од МВР.
Засега нема детали како дошло до повредата, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.