Последните денови и покрај пандемијата со ковид-19, интензивно се одвиваат градежните зафати за комплетна реконструкција на санитарните јазли и реновирање на
тоалетите во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола.
Покрај санацијата на шесте вертикални санитарни јазли, во ова училиште дополнително се врши и санација на вертикалата на канализационата мрежа која ги поврзува сите нив. Исто така, ќе се изврши замена и на старите и нефункционални приклучоци.
– Со овие градежни зафати, се решава еден од најгорливите проблеми на училиштето и значително се подобруваат хигиенските услови во оваа образовна институција. Вредноста на овој проект изнесува околу два милиона денари и истиот е дел од од проектот „Соодветни хигиенски услови за здрави генерации“, во чии рамки, Општина
Битола во изминатиот период санираше голем дел од тоалетите и санитарните чворови не само во училиштата, туку и во објектите под надлежност на локалната самоуправа – вели градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која деновиве изврши увид како се одвиваат овие градежни зафати. М.М.