Владата на седница ја разгледа и усвои Информација за можноста земјата да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за ковид-19, преку COVAX-механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини.

Владата го овласти министерот за здравство, Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX-механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец.